• петок, 04 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Бојан Кркиќ се приклучува на поранешниот соиграч Иниеста во тимот Висел Кобе од Јапонија

Бојан Кркиќ се приклучува на поранешниот соиграч Иниеста во тимот Висел Кобе од Јапонија
Јапонија, 9 август 2021 (МИА) - Бојан Кркиќ, поранешниот напаѓач на Барселона, се приклучува на поранешниот соиграч Андрес Иниеста во тимот на Висел Кобе од Јапонија. По слободното лето и последниот ангажман што Кркиќ го имаше во МЛС лигата каде играше за Монтреал, тој ќе продолжи со игра во јапонскиот клуб. Триесетгодишниот фудбалер на социјалните медиуми сподели дека е возбуден за оваа лична и професионална можност и дека сѐ е подготвено за новата дестинација. Екипата Висел Кобе се натпреварува во највисоката јапонска лига и во моментов се наоѓа на четвртото место од табелата. ар/цр      

Остани поврзан