Бочварски ќе изврши увид во изградбата на браната на река Отиња во Штип
- Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски денеска ќе изврши увид во изградба на браната на река Отиња во Штип.

Скопје, 5 април 2024 (МИА) - Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски денеска ќе изврши увид во изградба на браната на река Отиња во Штип.
Браната е инвестиција на Владата, во износ од преку 300 милиони денари. Со проектот е предвидено да се изведе камено-земјена брана во висина од 33 метри. Таа пред сè ќе биде наменета за водоснабдување со технолошка вода за потребите во градот и интервентно дополнување на водоводниот систем со сурова вода.
Како што е најавено, предвидени се изјави за медиуми на браната Отиња во Штип. мд/
Фото: МИА архива