• недела, 22 декември 2024

Бочварски - Момировиќ: Меѓусебната соработка на највисоко ниво

Бочварски - Момировиќ: Меѓусебната соработка на највисоко ниво
2 септември 2022  Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски денеска во рамки на Отворен Балкан форумот во Белград оствари билатерална средба со министерот за транспорт и градежништво на Република Србија, Томислав Момировиќ. Комуникацијата и соработката е досега на највисоко ниво, односите ги продлабочуваме со цел поефикасно регионално поврзување и забрзување на напредокот на двете земји, истакнаа тие на денешната средба. Фокус на разговорите беа заедничките инфраструктурни проекти, особено во делот на олеснување на процедурите во железничкото поврзување и патниот товарен сообраќај кои дополнително ќе овозможат раст и економски развој на двете земји. Министрите Бочварски и Момировиќ на средбата разговараа и за дополнително олеснување на процедурите за наплата на електронска патарина, со една заедничка крајна цел, користење на еден систем за наплата помеѓу Северна Македонија, Србија и Албанија. Оваа иницијатива што произлезе од Форумот Отворен Балкан се очекува донесе позитивни бенефити во однос на побрзиот проток на патници и намалување на времето на патување, а воедно и внатрешно поинтегриран Балкан. Министерство за транспорт и врски  ___________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан