Борусија Менхенгладбах ја прекина серијата без пораз на Баерн која траеше 21 натпревар
- Актуелниот германски фудбалски шампион, Баерн Минхен го доживеа првиот пораз од септември 2022 година.
Менхенгладбах, 18 февруари 2023 (МИА) – Актуелниот германски фудбалски шампион, Баерн Минхен го доживеа првиот пораз од септември 2022 година.
Избраниците на тренерот Јулијан Нагелсман, денес загубија од Борусија Менхенгладбах со 3:2 во 21. коло од Бундеслигата.
Од 8. минута Баварците играа со фудбалер помалку поради црвениот картон на Дајот Упамекано.
По поразот од Аугсбург (0:1) на 17 септември, тимот од Минхен до денес забележа 16 победи и четири пати ремизираше.
Баерн е лидер на табелата со 43 бода, пред Унион Берлин со 42 и Борусија Дортмунд со 40, екипи кои допрва треба да ги одиграат натпреварите од 21. коло. зс/