• сабота, 20 април 2024

Борусија Дортмунд шест недели без повредениот Мукоко

Борусија Дортмунд шест недели без повредениот Мукоко

 

Дортмунд, 14 февруари 2023 (МИА) – Напаѓачот на Борусија Дортмунд, 18-годишниот Јусуфа Мукоко, ќе паузира најмалку шест недели поради повреда на лигаментите, објави германскиот прволигаш.

Мукоко се повреди во саботниот натпревар на гостински терен кај Вердер на кој Борусија победи со 2-0.

„Ова е тешка вест за него и за нас, особено во овој период. Имавме надежи, но за жал нема да биде со нас некое време“, изјави спортскиот директор Себастијан Кел.

Поради иста повреда Мукоко отсуствуваше три месеци од терените во 2021 година.

Борусија Дортмунд в среда ја очекува првиот осминафинален натпревар во Лигата на шампиони против Челзи. ег/

Остани поврзан