• петок, 05 декември 2025

Борусија Дортмунд се пласираше во четвртфиналето на Лигата на шампионите

Борусија Дортмунд се пласираше во четвртфиналето на Лигата на шампионите

Лил, 12 март 2025 (МИА) - Борусија Дортмунд се пласираше во четвртфиналето на Лигата на шампионите откако го доби реваншот на гостувањето кај Лил со 2-1.

Првиот меч пред една недела заврши нерешено 1-1, а во реваншот во Лил домаќините поведоа со ран гол на Џонатан Дејвид, но Дортмунд се врати по голот од пенал во 54. минута на Емре Чан и на и Максимилијан Баер во 65-тата со што германскиот тим обезбеди средба со Барселона во четвртфиналето. дс

Фото: Принтскрин

Остани поврзан