• понеделник, 20 мај 2024

Борусија Дортмунд прв четвртфиналист во Лигата на шампиони

Борусија Дортмунд прв четвртфиналист во Лигата на шампиони
Дортмунд, 9 март 2021 (МИА) – Екипата на Борусија Дортмунд е прв четвртфиналист во овогодишното издание на Лигата на шампиони, откако вечерва одигра 2:2 на домашен терен и ја задржа предноста од првиот натпревар. Германската екипа пред три недели победи во Севиља со 3:2, благодарение на двата гола на Ерлинг Халанд, кој и во реваншот двата пати се запиша во листата на стрелци (35 и 54 од пенал). Шпанскиот тим до крајот успеа само да избегне пораз, со двата гола на Јусуф Несири, во 69 минута од пенал и во шестата минута од судиското продолжение. На вториот реванш осминафинален натпревар вечерва, се играат продолженија, откако Јувентус со 2:1 по 90 минути ја анулираше негативата од Порто. ег/зс/

Остани поврзан