Борисов: Ќе го искористиме првиот мандат за формирање влада со свој премиер
- ГЕРБ ќе го искористи првиот мандат за формирање влада со свој премиер. Кандидатот утре во Народното собрание ќе биде претставен пред сите лидери на политичките сили. Ова е одлуката на Извршниот комитет на партијата, која на брифинг ја соопшти нејзиниот лидер Бојко Борисов.
Софија, 9 мај 2023 (МИА) - ГЕРБ ќе го искористи првиот мандат за формирање влада со свој премиер. Кандидатот утре во Народното собрание ќе биде претставен пред сите лидери на политичките сили. Ова е одлуката на Извршниот комитет на партијата, која на брифинг ја соопшти нејзиниот лидер Бојко Борисов.
„Апелирам до сите партии - избори во август, без буџет, е катастрофа. Ние сме категорично решени да формираме влада, што и да не чини тоа“, нагласи Борисов.
„Го одредуваме мандатот, ги бараме одговорните партии“, додаде лидерот на ГЕРБ. паг/
Фото: МИА архива