• петок, 22 ноември 2024

Борел ја осуди руската одлука за затворање на „Московската Хелсиншка група“

Борел ја осуди руската одлука за затворање на „Московската Хелсиншка група“

Брисел, 25 јануари 2023 (МИА) - Високиот претставник на Европската Унија Жозеп Борел денеска го осуди затворањето на „Московската Хелсиншка група“, наведувајќи дека тоа е „уште еден напад врз човековите права во Русија“.

Рускиот суд денеска нареди распуштање на „Московската хелсиншка група“, најстарата невладина организација за одбрана на човековите права во Русија.

„Кремљ ја проширува својата агресија во Украина во политичка репресија дома, ги замолчува бранителите на човековите права, го задушува граѓанското општество и гласовите кои го отфрлаат авторитаризмот и војната“, напиша Борел на својот официјален профил на Твитер.

„Московската Хелсиншка група“ беше формирана во 1976 година за да се осигура дека Советскиот Сојуз ги почитува преземените обврски за човековите права.ссм/

Остани поврзан