• недела, 10 ноември 2024

Борел: Мора да дадеме надеж за мир на Блискиот Исток

Борел: Мора да дадеме надеж за мир на Блискиот Исток

Стразбур, 7 октомври 2024 (МИА) - Задачата на Европската унија е да понуди надеж за мир на Блискиот Исток, изјави шефот за безбедност и надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел, пред Европскиот парламент на првата годишнина од смртоносниот напад на палестинската исламистичка група Хамас врз Израел на 7 октомври.

Тој објасни дека е неопходно „да се бара мир таму каде што сега има омраза, да се создадат врски меѓу двете земји кои со години се борат за една земја“.

„Нема друго решение освен да го споделиме, да преминеме од меѓусебно негирање кон взаемно признавање“, рече Борел, опишувајќи ја фрагментираната палестинска територија како „архипелаг“.

Тој повика на мир на Блискиот Исток, но и на мир меѓу луѓето кои живеат „во границите на нелегално окупираните територии“.

„Нема ништо поперверзно од тоа да се бара смрт на човечко суштество затоа што тој припаѓа на одреден народ или заедница. Израел, кој е демократска земја, не треба да се однесува како терористички организации како Хамас и Хезболах, нагласи Борел.

На почетокот на својот говор пред Европскиот парламент, Борел ја прочита декларацијата што беше претставена претходно утринава по повод годишнината од нападите. Тој го опиша нападот на 7 октомври 2023 година како терористички напад „против народ кој толку многу страдал“ и повторно повика на безусловно ослободување на сите заложници. зш/

Остани поврзан