• среда, 04 декември 2024

Борел во Киев: ЕУ ќе ја зголеми воената помош за Украина

Борел во Киев: ЕУ ќе ја зголеми воената помош за Украина

Киев, 1 октомври 2023 (МИА) - Шефот за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Жозеп Борел, денеска изјави дека Унијата ќе ја зголеми воената помош за Украина, откако американскиот Конгрес доцна синоќа усвои привремен закон за финансирање во кој не се споменува помош за Украина.

Борел на прес-конференција за време на неговата посета на Киев рече дека за време на „егзистенцијална закана за Европа“, ЕУ сака да ја зголеми воената помош за Украина. Тој го изјави ова по неговата прва средба со украинскиот министер за одбрана Рустемов Умеров, кој беше назначен минатиот месец.

„Да почекаме и да видиме што ќе се случи во САД, но од наша страна ќе продолжиме да ја поддржуваме и да ја зголемуваме нашата поддршка“, рече Борел, на прашањето за гласањето во Вашингтон. 
„Украинците се борат со сета своја храброст и капацитет“, рече тој. Ако ЕУ сака тие да бидат поуспешни, додаде тој, „мораме да им дадеме подобро и поголемо оружје“.

Во изјавата објавена на X, Борел рече дека Унијата се подготвува за „долгорочни безбедносни обврски кон Украина“. Тој на прес-конференција рече дека се надева оти земјите-членки ќе донесат одлука за зголемување на помошта „пред крајот на годината“. зш/
фото ЕПА

Остани поврзан