• понеделник, 23 декември 2024

Борбената група на НАТО во Романија спроведува воена вежба за предраспоредување

Борбената група на НАТО во Романија спроведува воена вежба за предраспоредување

Букурешт, 17 август 2023 (МИА) - Вкупно 250 француски, белгиски и луксембуршки војници со 65 технички средства на борбената група НАТО во Романија утринава заминаа од полигонот Бабадаг во округот Тулчеа до базата Чинку во округот Брашов. „Деплејкс“ е дел од воената вежба за брзо распоредување на војници и опрема на борбената група на НАТО, пренесува Аџерпрес.

„За нас ова е добра можност да работиме заедно, во интероперабилност и секако заедно со романската армија која не поддржа на овој полигон. Тоа е многу интересна можност за обука во однос на логистичките прашања“, рече командантот на борбената група на НАТО, полковник Филип Ле Дук.

Тој објасни дека борбените возила можат да го поминат патот меѓу Чинку и Бабадаг за помалку од 12 часа и напомена дека полигонот во Тулка е избран бидејќи има неколку предности. 

„Првата причина е практична. Тоа е најоддалеченото место во источниот дел на земјата. Втората причина е што овде имаме опсег каде што можеме да стреламе, можеме да ја контролираме нашата способност да одржуваме контакт со базата во Чинку. Ние сме блиску до Украина, но најважно е што можеме да распоредиме сили долж целата источна граница на земјата, од Констанца до Буковина“, посочи полковникот Ле Дук.

Тој изрази жалење за евентуалните нелагодности кај населението создадени од воениот конвој. ссм/

фото: архива

Остани поврзан