• недела, 22 декември 2024

Бонучи: Гвардиола сакаше да ме донесе во Манчестер сити

Бонучи: Гвардиола сакаше да ме донесе во Манчестер сити

Рим, 7 октомври 2024 (МИА) - Поранешниот дефанзивец на италијанската фудбалска репрезентација Леонардо Бонучи зборуваше за тоа како можеше да заигра во Премиер лигата во 2016 година.

- Кога решив да го напуштам Јувентус во 2017 година, Манчестер сити и ПСЖ ме бараа. Тие ги испратија своите финансиски понуди, но јас сакав да останам во Италија и решив да се приклучам на Милан. Гвардиола веќе сакаше да ме види во Манчестер сити во летото 2016 година, изјави Бонучи за „Sky Sports“.

Бонучи го напушти Јувентус во 2017 година и се пресели во Милан. Една година подоцна, дефанзивецот се врати во клубот од Торино. 

Последни два клуба пред да ја заврши кариерата во мај годинава, на Бонучи беа Унион Берлин и Фенербахче. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан