• четврток, 21 ноември 2024

Болсонаро хоспитализиран поради болки во стомакот

Болсонаро хоспитализиран поради болки во стомакот
Бразилија, 4 јануари 2022 (МИА) - Претседателот на Бразил, Жаир Болсонаро вчера е примен во болница во Сао Паоло поради болки со стомакот. Во соопштението од Кабинетот на Болсонаро се наведува дека бил хоспитализиран откако се пожалил на „стомачна непријатност“. На Болсонаро во јули 2021 година му беше дијагностицирана интестинална блокада, по што помина неколку дена во болница во Сао Паоло. Лекарот на Болсонаро, Антонио Луиз Маседо го прекина одморот за да го лекува претседателот на Бразил. Маседо го оперираше Болсонаро откако беше прободен со нож во стомакот за време на претседателската кампања во 2018 година. Болсонаро откако ја презеде претседателската функција на почетокот од 2019 година имаше неколку операции на  цревниот тракт. ми/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан