• четврток, 04 декември 2025

Болница - Кавадарци: Земање крв за лабораториски услуги од утре, па секој вторник во Росоман

Болница - Кавадарци: Земање крв за лабораториски услуги од утре, па секој вторник во Росоман

Кавадарци, 1 септември 2025 (МИА) - Јавната здравствена установа Општа болница со проширена дејност - Кавадарци, од утре, па секој нареден вторник, во амбулантата во Росоман, ќе реализира земање крв од пациенти, за лабораториски услуги. Ова го најавија денеска од кавадаречката болница. 

Ова е, како што истакнаа, со цел унапредување на пристапот до здравствена заштита и во интерес на пациентите. Секој вторник во периодот од 8 до 9 часот, во амбулантата во Росоман ќе се врши земање на крв за лабораториски услуги (ЛУ1).

- Оваа активност е дел од континуираните напори на ЈЗУ Општа болница да обезбеди поблиски, навремени и квалитетни здравствени услуги за жителите од општината Росоман и околината. Нашата здравствена установа се грижи да го олесни пристапот до неопходните здравствени услуги, поблиску до местото на живеење, соопштија од Болницата. свд/бд/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан