• вторник, 25 март 2025

Болница Кавадарци доби компресори за компромиран воздух за операциските сали 

Болница Кавадарци доби компресори за компромиран воздух за операциските сали 

Кавадарци, 25 март 2025 (МИА) - Болница Кавадарци доби компресори за компримиран воздух за операциските сали, информираа денеска од Општата болница со проширена дејност.  

- Во текот на вчерашниот ден од страна на Министерството за здравство добивме донација од два компресора за компримиран воздух што ќе се користат во операциските сали. Донацијата е од големо значење и е во насока на подобрување на квалитетот на здравствените услуги во нашата установа, за што изразуваме голема благодарност до Министерството, напишаа од Болницата на нивната официјална фејсбук страница. 

Пред неколку дена, оттаму соопштија дека ЈЗУ Општа Болница со проширена дејност Кавадарци во соработка со ГОЛДЕН ИГЛ НИКЕЛ ДООЕЛ - Друштво за производство на метали, добива  медицинско транспортно возило за користење по потреба на итни случаеви. свд/сст/


Фото : МИА архива 

Остани поврзан