• петок, 22 ноември 2024

Болницата во Битола доби донација на ЕКГ апарати

Болницата во Битола доби донација на ЕКГ апарати
Скопје, 14 мај 2021 (МИА) - ЕКГ апарати за потребите и функционирањето на КОВИД центарот во клиничката болница во Битола, донираше компанијата Mozzart, во рамки на својата кампања „Да бидеме општествено одговорни“. Според директорката на битолската клиничка болница Билјана Гагачовска, донацијата на ЕКГ апарати е од голема значајност, бидејќи дотраените апарати во КОВИД центарот ќе бидат заменети со нови. На примопредавањето на донацијата, менаџерот за корпоративни процеси во компанијата Mozzart, Сашко Димов, посочи дека битолската клиничката Болница има огромно регионално значење и токму затоа ова е нивна трета реализирана донација тука. - Овој пат, во консултации со претставниците на болницата, донираме ЕКГ апарати, кои според нив претставуваат потреба за уште подобро функционирање на КОВИД центарот. Се надеваме дека со оваа донација ќе се олесни еден сегмент во работата на  болницата и дека апаратите што ги донираме ќе значат дополнително подобрување на здравствените услуги кон пациентите, изјави Димов. Од компанијата информираат дека со кампањата „Да бидеме општествено одговорни“ ќе продолжат и во следниот период. аа/дма/

Остани поврзан