• четврток, 26 март 2026

Божиновска се сретна со новоименуваниот економски аташе на Амбасадата на САД, Биркланд

Божиновска се сретна со новоименуваниот економски аташе на Амбасадата на САД, Биркланд

Скопје, 21 август 2025 (МИА) - Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска денеска имаше работна средба со новоименуваниот економски аташе на Амбасадата на Соединетите Американски Држави во земјава Барнабас Биркланд, како и со економскиот советник во Амбасадата, Јордан Дамчевски.

Целта на средбата, информираат од Министерството за енергетика, беше меѓусебното запознавање и иницирање на разговори за можни облици на продлабочување и унапредување на економската соработка. Во фокусот на дискусијата беа заеднички иницијативи, инвестициони можности, како и продолжување на економската поддршка и партнерство.

Министерката Божиновска го потенцира значењето од партнерството со САД преку дипломатскиот економски канал.

-Ја цениме континуираната економска поддршка од Амбасадата и сме посветени на зајакнување на соработката која може да донесе конкретни резултати за развојот на македонскиот енергетски и рударски сектор, рече Божиновска.

На средбата министерката информираше и за 14-тиот Интернационален форум за енергија за одржлив развој (14-ИФЕСД), којшто во организација на Министерството за енергетика ќе се одржи од 28-30 октомври 2025 година во Скопје учество ќе земат релевантни говорници на високо ниво, што ќе ја зголеми значајноста и ефектот од форумот.

Божиновска и Биркланд се согласија дека е важно и во иднина да се развиваат координирани активности, вклучително меѓусебна размена на информации, анализа на потенцијали и поддршка со цел стимулација на економскиот развој на секторот.вј/

Фото: МЕРМС

Остани поврзан