• среда, 15 јануари 2025

Божиновска на средба со Питер Холица, заменик државен секретар во унгарското Министерството за енергетика и Гергели Хорват, генерален директор на Грин Џенерејшн

Божиновска на средба со Питер Холица, заменик државен секретар во унгарското Министерството за енергетика и Гергели Хорват, генерален директор на Грин Џенерејшн

3 септември 2024

Вмрежување на енергетските компании, соработка во политиките за инвестирање во обновливи извори и проекти за декарбонизација беа во фокусот на денешната средба на Mинистерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска и Питер Холица, заменик државен секретар за ЕУ и меѓународни односи од унгарското Министерство за енергетика. Во рамките на средбата на која високиот претставник од унгарското министерство беше придружуван од генералниот директор на МВМ Грин Џенерешјн лтд, Гергели Хорват беа разменети мислења и ставови околу актуелните трендови во енергетиката, зелената транзиција и енергетската безбедност на ЕУ.

-Имавме продуктивна средба и интересни дискусии на сите актуелни теми во енергетиката. Факт е дека земјите од Југоисточна Европа се насочуваат кон обновливи извори, но сепак, сметаат и на базните капацитети за производство на електрична енергија. Со взаемна соработка на повеќе нивоа, размена на искуства и ангажирање на стручни кадри можеме да соработуваме
за ефикасно справување со предизвиците пред нас- нагласи Божиновска. Заеднички заклучок е дека сите земји од регионот и пошироко се исправени пред исти или слични енергетски приоритети, така што акцентот треба да биде ставен во споделување
позитивни практики, искуства и експертиза. 

Кабинет на Министерката за енергетика,
рударство и минерални суровини

________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Остани поврзан