• понеделник, 23 декември 2024

Богоев: Преку континуиран дијалог креираме мерки и политики за поголема конкурентност на компаниите

Богоев: Преку континуиран дијалог креираме мерки и политики за поголема конкурентност на компаниите

Скопје, 29 февруари 2024 (МИА) - Македонските компании се нашите најголеми амбасадори и оттаму наша должност е да овозможиме подобрување на условите за водење бизнис што на компаниите ќе им овозможи освојување на нови пазари каде не претставуваат како држава. Витаминка извезува на четири континенти во повеќе од 30 земји, при што само минатата година остварила извоз од 20,5 милиони евра. Царинската управа како партнер на бизнис заедницата е посветена на спроведување реформски политики што ќе овозможат поголема конкурентност на македонските компании, проширување на нивните производствени капацитети, и поголема вработеност, рече директорот на Царинска управа, Стефан Богоев при посетата на македонската компанија за производство на кондиторски производи „Витаминка“.

При реализацијата на мерките, додаде Богоев, клучно е да се слушне мислењето на компаниите за да се има јасен увид во резултатите на реализираните мерки. 

-Преку континуираниот дијалог заедно креираме мерки и политики коишто го забрзуваат транспортот и ја олеснуваат трговијата. Како Царинска управа посветени сме на подобрување на услугите кон македонските компании и сузбивање на криминалот и корупцијата. Истовремено, компаниите од нас чекаат испорачување на ветеното и забрзување на процесот на интеграција во ЕУ и поставување на основите за функционирање на единствен пазар, истакна Богоев.

Директорот за правни и општи работи во „Витаминка“, Орде Георгиевски рече дека оваа компанија е една од првите што стекнале статус за овластен економски оператор, а тоа, како доверлив партнер, им овозможува побрз проток на стоката.

-Одобренијата за овластен економски оператор, извоз за oблагородување, поедноставени постапки за увоз и извоз, одобрение со крајна употреба и одобрението за овластен корисник овозможуваат поголема конкурентност, а преку заштеда на средства, олеснети постапки и побрз транспорт, рече Георгиевски. мч/лв/

фото: Царинска управа

 

Остани поврзан