Богоев: Влезот во ЕУ е концепт на македонизација, а изолацијата е концепт на бугаризација
- Политичката цена, ако е за членство во ЕУ до 2030 година и подобар животен стаднард тука во Македонија, спремни сме да ја платиме, концептот за влез во ЕУ е концепт на македонизација, истакна потпретседателот на СДСМ Стефан Богоев, во интервју за телевизија 24.
Скопје, 14 август 2023
Политичката цена, ако е за членство во ЕУ до 2030 година и подобар животен стаднард тука во Македонија, спремни сме да ја платиме, концептот за влез во ЕУ е концепт на македонизација, истакна потпретседателот на СДСМ Стефан Богоев, во интервју за телевизија 24.
-Концептот на влез во ЕУ е концепт на македонизација. Концептот на изолација е концепт на бугаризација и приморување на нашите граѓани во очај да вадат бугарски пасош. Сега за прв пат од нас зависи дали ќе одиме во концептот на Европа, концептот на македонизација или ќе останеме во изолација, рече Богоев.
- Ако треба ние да платиме со нашиот политички рејтинг лично како политичари и партиски, ама државата да оди напред, затоа велиме и министерства и институции ќе ви отстапиме, влезете заедно да ги донесеме уставните измени заедно Македонија да ја турнеме напред во процесот на европеизација, порача Богоев, додавајќи дека СДСМ има волја за откочување на процесот и за продолжување на евроинтеграцискиот процес, којшто е најкорисен за државата.
Богоев истакна дека пораките од меѓународната заедница се дека нема шанса да добеме подобар договор и подобра шанса во иднина.
Со овие поделени карти најдобрата варијанта е донесување уставни измени и побрзо отворање на поглавјата со цел финансиски средства и реформи да дојдат во државата, нагласи Богоев.
Тој посочи дека и во 2018 година при склучување на Преспанскиот договор се креаваа хистерии, и се ширеа обвинувања дека сме предавници, а сега не признаваат дека во услови на голем воен конфликт во светот, државата е мирна, НАТО го штити нашето небо.
-Така ќе биде и за некоја година кога ќе ги жнееме плодовите од ЕУ и од отворањето поглавјата, кога ќе почнат фондовите за земјодлие, инфраструктура, млади и образование да стигаат тогаш ќе ги почувствуваме бенефитите од храбрите одлуки што ги правиме денес, ама повторно и тогаш деструктивците од ДПМНЕ и од Левица, Мицкоски и Апасиев повторно и тогаш нема да признаваат дека тоа се бенефити од мудри одлуки што сме ги носеле и повотрно ќе наоѓаат некакви замерки, нагласи Богоев, додавајќи дека тие сакаат државата да ја турнат во изолација, затоа што тие најдобро функционираат така, впрочем така функционираа 11 години.
Сите 120 пратеници мора да сфатат, не може да имаме подобар договор и подобра преговарачка рамка, доста губиме време, сега е шансата да ја зграпчиме, да ги отвориме поглавјата и сите заедно, до 2030 година да станеме членка на ЕУ, целта е амбициозна но не е недостижна, порача потпретседателот на СДСМ Стефан Богоев, во интервју за телевизија 24.
Фото: СДСМ
СДСМ - Центар за комуникации со јавноста
________________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.