• петок, 22 ноември 2024

Блуши: Изгласувањето на Изборниот законик никакво изненадување од парламентот на срамот и пуканките

Блуши: Изгласувањето на Изборниот законик никакво изненадување од парламентот на срамот и пуканките
Тирана, 5 октомври (МИА) – По изгласувањето на Изборниот законик во албанскиот Парламент, со измените предложени од владејачкото мнозинство, без постигнат консензус, реагираа од кабинетот на претседателот Илир Мета, јави дописничката на МИА од Тирана. Во објава на Фејсбук, портпаролот Теди Блуши напиша дека „нема никакво изненадување“, нарекувајќи го законодавниот дом „Парламент на срамот и пуканки“. „Има само еден виновник, а тоа е господинот први април или Пророкот од пуканки (алудира на премиерот Еди Рама). Останатите се негови обични соучесници, купени, заробени, уценети и потчинети. Но, нека знаат дека три милиони Албанци знаат како да одговорат на оваа провокација“, напиша Блуши на Фејсбук. Тој најави дека во текот на утрешниот ден ќе ги објават имињата на сите оние кои гласале, како што рече, за изолација на Албанија до 25 април, денот кога ќе се одржат парламентарните избори. Упатува порака и за меѓународните претставници кои изразиле жалење за изгласувањето на законот без консензус. „Никој да не го сожалува албанскиот народ. Ние не сме за милостиња од никого. Ние ќе застанеме во одбрана на нашата земја и ќе покажеме дека заслужуваме демократија и слобода. Од 25 април започнува нова ера во Албанија, а тоа е на владеењето на народот преку референдум. Само ова ќе гарантира владеење на правото и крај на оваа антиалбанска олигархија. Одбројувањето само што започна. Животот го даваме ама демократијата и слободата никогаш“, напиша Блуши, портпарол на претседателот Мета. вт/

Остани поврзан