• четврток, 14 ноември 2024

Блумберг: Кинескиот претседател доаѓа во Србија во мај

Блумберг: Кинескиот претседател доаѓа во Србија во мај

Пекинг, 24 април 2024 (МИА) - Кинескиот претседател Си Џинпинг би можел да ја посети Србија на 7 мај, на денот на 25-годишнината од нападот на НАТО врз кинеската амбасада во Белград, пренесува Блумберг.

Се истакнува дека точниот датум на посетата, која би била дел од турнејата на хрватската претседателка, се уште не е одобрен и може да се промени.

„Посетата на кинескиот лидер на земја која не ги поддржа западните санкции против Русија јасно ќе покаже дека Кина има намера да продолжи да застанува на страната на Русија и да го продлабочува партнерството со неа“, изјави експерт од њујоршкиот истражувачки центар Asia Society Polici. паг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан