• недела, 22 декември 2024

Блумберг во 2022 во регионот отвора прва деловна мрежа за вести во ЈИЕ

Блумберг во 2022 во регионот отвора прва деловна мрежа за вести во ЈИЕ
Белград, 15 октомври 2021 (МИА) - Блумберг Медиа (Блумберг) и МТел Свис, радиодифузер во сопственост на Телеком Србија, денеска го најавија отворањето на првата регионална деловна мрежа за вести во Југоисточна Европа, со центри во Србија, Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина и Северна Македонија, јави дописникот на МИА од Белград. Филијалата на една од најголемите медиумски куќи во светот планира да започне со работа во 2022 година. -Блумберг Адриа ќе се занимава со деловни и финансиски вести, анализи и податоци за растечката заедница на носители на деловни одлуки и идни лидери во регионот, преку електронски (ТВ), печатени и дигитални медиуми, како и мобилни и социјални мрежи, се вели во соопштението. Во својата дејност, компанијата ќе се потпира на 2.700 новинари и аналитичари кои Блумберг ги вработува во 120 земји низ целиот свет за функционирање на новата платформа, која ќе ги комбинира локалното известување и покривањето на широката глобална економија и пазар. Исто така, таа ќе вклучува преведена содржина на Блумберг, како и изворно известување продуцирано од специјализирани редакции во Белград, Загреб, Сараево и Скопје. об/вг/

Остани поврзан