• среда, 15 мај 2024

Блинкен ќе се сретне со Нетанјаху за време на посетата на Израел

Блинкен ќе се сретне со Нетанјаху за време на посетата на Израел

Вашингтон, 11 октомври 2023 (МИА) – Американскиот државен секретар Антони Блинкен ќе се сретне со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за време на неговата посета на Израел.

- Од ИСИС наваму не видовме ваков вид на изопаченост, и ќе продолжиме да стоиме многу одлучно против него, изјави Блинкен пред да замине.

САД се свесни за 22 Американци кои беа убиени по нападите на Хамас минатиот викенд, истакна Блинкен, додавајќи дека „тој број сè уште може да се зголеми, и веројатно ќе се зголеми“.

- Истовремено, имаме голем број Американци кои се уште се исчезнати. Ние многу тесно работиме со владата на Израел за да утврдиме каде се наоѓаат и, доколку се земени како заложници од Хамас, да работиме на нивно ослободување, рече американскиот државен секретар.

Блинкрн од денеска до 13 октомври ќе ги посети Израел и Јордан. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан