• петок, 22 ноември 2024

Блинкен: Србија да остане доследна на одлуката да биде домаќин на Европрајд

Блинкен: Србија да остане доследна на одлуката да биде домаќин на Европрајд
Вашингтон, 31 август 2022 (МИА) - Државниот секретар на САД, Ентони Блинкен ја повика Србија да дозволи одржување на Европрајд. Тој на Твитер напиша дека „слободата на мирен собир и изразување е суштинска компонента на здрава демократија“. „Ја повикуваме Србија да остане доследна на одлуката да биде домаќин на Европрајд 2022 година. ЛГБТКИ+ правата се човекови права“, подвлече Блинкен. Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека Европрајд треба да биде одложен или откажан, додека Владата на Србија соопшти оти во овој момент не постојат услови за безбедно одржување. Европрајд требаше да се одржи од 12 до 18 септември во Белград. бд/јт/

Остани поврзан