• недела, 22 декември 2024

Блинкен со благодарност до Романија за прифаќањето на бегалците од Украина 

Блинкен со благодарност до Романија за прифаќањето на бегалците од Украина 

Вашингтон, 18 април 2022 (МИА) - Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска разговараше со шефот на романската дипломатија, Богдан Ауреску, јавија од Стејт департментот.  

Во разговорот, Блинкен се заблагодрил на Романија за „огромното добредојде што го даде за повеќе од 700.000 бегалци од Украина“. Како што се наведува, двајцата ја истакнале важноста од трансатлантското заедништво „во лицето на бруталната војна на Кремљ против Украина“. 

-Државниот секретар ја истакна потребата од продолжителна напорна работа на сојузниците од НАТО за поддршка на напорите на Украина да се одбрани од непровоцираната и неоправдана агресија на Русија. 

Двајцата,исто така, ја реафирмирале цврстата поддршка за украинскиот народ и неговата историска борба за слобода, демократија и можноста да изберат свој правец.  

Државниот секрар и министерот за надворешни ја истакнаа важноста од билатералните односи меѓу двете земји, осведочено од значајноста на 25 годишнината на американско-романското стратешко партнерство, се вели во соопштението. кб/ 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан