Блинкен: САД ќе соработуваат со Јужна Кореја и ќе одговорат на провокациите на Пјонгјанг
- Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска изјави дека САД секогаш ќе соработуваат со Јужна Кореја за да одговорат силно на провокациите на Северна Кореја, соопшти претседателската канцеларија во Сеул, откако Пјонгјанг истрела повеќе балистички ракети со краток дострел кон Источното Море.
Вашингтон, 18 март 2024 (МИА) - Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска изјави дека САД секогаш ќе соработуваат со Јужна Кореја за да одговорат силно на провокациите на Северна Кореја, соопшти претседателската канцеларија во Сеул, откако Пјонгјанг истрела повеќе балистички ракети со краток дострел кон Источното Море.
Блинкен ја испрати оваа порака за време на состанокот со претседателот Јун Сук-Јол на маргините на третиот Самит за демократија чиј домаќин е Јужна Кореја оваа недела, пренесува Јонхап.
„Секретарот Блинкен рече дека САД секогаш ќе стојат покрај Јужна Кореја за да одговорат силно на провокациите на Северна Кореја и да обезбедат мир и стабилност на Корејскиот Полуостров“, се вели во соопштението од претседателскиот кабинет.
Во соопштението се додава дека највисокиот американски дипломат повикал на континуирана тесна координација и комуникација меѓу сојузниците, истовремено засилувајќи го нивното „проширено одвраќање“, посветеноста на САД да го користат целиот опсег на своите воени капацитети, вклучително и нуклеарните, за одбрана на својот сојузник. , според Јонхап.
Изјавата на Блинкен дојде неколку часа откако Северна Кореја истрела повеќе балистички ракети со краток дострел кон Источното Море. ссм/
фото: архива