• среда, 13 ноември 2024

Блинкен пристигнува во посета на Брисел за да разговара за помошта за Украина

Блинкен пристигнува во посета на Брисел за да разговара за помошта за Украина

Брисел, 12 ноември 2024 (МИА) - Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска пристигнува во Брисел на итни разговори со европските партнери со цел да се забрза обезбедувањето помош за Украина пред доаѓањето на власт на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп.

Блинкен утре ќе се сретне со претставниците на НАТО и ЕУ „за да разговараат за поддршката на Украина во нејзината одбрана од руската агресија“, изјави неговиот портпарол Метју Милер.

Посетата доаѓа во услови на загриженост во Киев и многу европски престолнини за стабилноста на американската поддршка за Украина во услови на реизбор на Трамп овој месец и политичката криза во Германија. Тој веќе разговарал со претседателите на Украина и Русија, Володимир Зеленски и Владимир Путин, а според „Вашингтон пост“, Трамп разговарал и со Путин. Кремљ, сепак, негираше дека дошло до таков разговор.

Се очекува Трамп да го номинира влијателниот сенатор од Флорида, Марко Рубио за државен секретар, кој неодамна изјави дека војната во Украина „мора да заврши“, која според него, е во ќорсокак, . рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан