• петок, 22 ноември 2024

Блинкен и Гебејеху во Најроби разговараа за регионалните прашања во Африка

Блинкен и Гебејеху во Најроби разговараа за регионалните прашања во Африка

Вашингтон, 17 ноември 2021 (МИА) -Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска во Најроби се сретна со Воркне Гебејеху, извршен директор на Меѓувладината управа за развој (ИГАД), јави денеска портпаролот Нед Прајс. 

На средбата се разговарало за регионални прашања, вклучително и за ситуацијата во Етиопија, Судан, Јужен Судан и Сомалија. ИГАД е трговски блок што осум земјо од источна Африка. 

 -Државниот секретар ја истакна потребата од неодложно запирање на сите непријателства во Етиопија и укажа на тоа сите страни да почнат преговори, кажа Прајс.

За Судан, државниот секретар охрабрил одржливи регионални напори за враќање на премиерот Абдала Намдок и граѓански водената транзициска влада во склад со Уставната декларација, укинување на вонредната состојба, ослободување на сите задржани граѓани по воениот пуч, и овозможување на мирни демократски демонстрации.

Блинкен ја потврдил заложбата на САД за луѓето во Јужен Судан и ја нотирал потребата Џуба да соработува во градењето мир и безбедност.  

За Сомалија, тој ја истакнал потребата од важноста да се завршат сомалиските национални избори до крајот на оваа година и американската поддршка за реструктуризација на мисијата водена од Африканска Унија за преземање меѓународни безбедносни напори по 2021 година. кб/сд/ 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан