• недела, 22 декември 2024

Блинкен изрази надеж за повеќе американски инвестиции во Нигерија

Блинкен изрази надеж за повеќе американски инвестиции во Нигерија

Лагос, 24 јануари 2024 (МИА) – Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска изрази надеж дека ќе има повеќе американски инвестиции во Нигерија и ја повика земјата да се погрижи инвеститорите да можат да си ги вратат средствата.

Американскиот државен секретар вчера се сретна со нигерискиот претседател Бола Тинубу во главниот град Абуџа, а денеска ја посети економската престолнина Лагос – метропола со над 20 милиони жители. Во Лагос, Блинкен го посети комплексот каде се сместени компаниите за информатичка технологија и отвори нов објект посветен на американската технологија.

Тој увери дека Вашингтон е сè повеќе заинтересиран за „работа со Нигерија, инвестирање во Нигерија, создавање партнерства со Нигерија“, која е демографски гигант на африканскиот континент.

Американскиот државен секретар, сепак, истакна дека „сè уште има предизвици што треба да се надминат за да се осигура дека деловната клима е што е можно подобра“.

Блинкен, исто така, рече дека разговарал со нигериските лидери за различни прашања, „меѓу кои и можноста за враќање на капиталот и борбата за искоренување на корупцијата, што е постојан предизвик“.

По Нигерија, Блинкен ќе ја посети и Ангола. јт/

Фото: Х

Остани поврзан