• четврток, 19 декември 2024

Блинкен: Израел не се одмаздува, туку се брани

Блинкен: Израел не се одмаздува, туку се брани

Вашингтон, 13 октомври 2023 (МИА) - Американскиот државен секретар Ентони Блинкен ги бранеше воените акции на Израел, велејќи дека тие не се одмазднички, туку одбранбени.

-Ниту една земја не може да толерира терористичка група да влезе, да го коле својот народ на најнесовесен начин и да живее така. Тоа што го прави Израел не е одмазда, рече Блинкен на прес-конференција.

Според него секоја земја соочена со тоа што го претрпе Израел веројатно би го направила истото. мс/

фото: МИА архива

 

Остани поврзан