• недела, 22 декември 2024

Блинкен го повика премиерот на Хаити да го поддржи предлогот за политичка транзиција

Блинкен го повика премиерот на Хаити да го поддржи предлогот за политичка транзиција

Вашингтон, 8 март 2024 (МИА) - Американскиот државен секретар Ентони Блинкен го повика премиерот на Хаити, Ариел Анри да го поддржи предлогот за политичка транзиција за таа земја, соопшти денеска Стејт департментот.

Во соопштението се вели дека Блинкен, за време на разговорот со Анри ја изразил американската поддршка за предлогот, кој беше направен во партнерство со заинтересираните страни на Хаити, а кој подразбира распоредување мисија за Мултинационална безбедносна поддршка и спроведување на слободни и фер избори.

Блинкен го повика Анри да го поддржи тој предлог поради обновување на мирот и стабилноста на Хаити и за да можат Хаиќаните да продолжат со нормален живот без насилство, се вели во соопштението. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан