Близу 600.000 луѓе во Виетнам се евакуираат поради тајфунот Каџики
- Локалните медиуми објавија дека своите дови ќе ги напуштат повеќе од 150.000 домаќинства. Се очекува тајфунот да донесе обилни дождови, силен ветер и поплави.
Ханој, 24 август 2025 (МИА) - Близу 600 илјади луѓе се евакуираат во четири централни крајбрежни провинции во Виетнам поради тајфунот Каџики.
Локалните медиуми објавија дека своите дови ќе ги напуштат повеќе од 150.000 домаќинства. Се очекува тајфунот да донесе обилни дождови, силен ветер и поплави.
Каџики моментално се движи во Јужното Кинеско Море со брзина од околу 175 километри на час, но се очекува да забрза и да се засили пред да стигне до копното во Виетнам во понеделник.
Метеоролозите предвидуваат дека ефектите од тајфунот прво ќе се почувствуваат на кинескиот остров Хаинан, каде што се евакуирани над 20.000 луѓе. Државната новинска агенција Ксинхуа јави дека училиштата, канцелариите и продавниците на Хаинан се привремено затворени, а јавниот превоз е во прекин во очекување на тајфунот.са/
Фото: ЕПА