• петок, 22 ноември 2024

Благ раст на вакцинирани деца со МРП во Куманово, по регистрираниот случај на морбили во државава

Благ раст на вакцинирани деца со МРП во Куманово, по регистрираниот случај на морбили во државава
Куманово, 12 април 2023 (МИА) - Зголемен е интересот на родителите за вакцинација на децата со вакцина МРП, последните денови откако во државава беше регистриран случај на заболено дете со морбили, соопштија денеска од вакцинален пункт „Тоде Мендол“, Здравствен дом Куманово.
 
Претходно, родителите ја одложуваа вакцинацијата или воопшто не ги вакцинираатт децата. Во Куманово, според податоците на стручните, има мошне низок опфат на вакцинација со МРП.

- Иако, се залагаме и сме отворени за секакви прашања, наидуваме на отпор за вакцинација кај дел од родителите кои се под влијание на антиваксерската кампања која се шири по социјалните мрежи, вели д-р Валентина Богоевска-Димитриевска, од диспанзер Куманово.

Дел од родителите ја одложуваат вакцинацијата чекајќи детето да прозбори и да прооди. Лекарите сметаат дека родителите не располагаат со доволно информации. Од вакциналниот пункт ги повикаа за сите прашања да се обратат до стручните лица.

-Родителите немаат вистински информации, се шират дезинформации дека вакцината предизвикува аутизам, но мора да кажеме еве последната епидемија во 2019 се вакцинираат голем број деца и нема несакани реакции. Бенефитот од вакцината е повеќекратен. Конкретно морбили може да предизвика осип по телото, висока температура, може да предизвика и тешки компликации, воспаление на мозок, на бели дробови, ушиња, на бубрези, дури и фатален исход, вели д-р Богоевска.

Од Здравствен дом ги повикаа родителите да ги вакцинираат децата. Вакцината се прима и во прво одделение. ам/цр
 
Фото:МИА

Остани поврзан