• вторник, 05 ноември 2024

Благодарници „Илинден" за Попи и Мазнику од Македонското друштво во Тирана

Благодарници „Илинден
Дебар, 26 февруари 2023 (МИА) - Претседателот на македонското друштво во Тирана, Никола Ѓурѓај денеска им врачи благодарници „Илинден" на двајца големи активисти на македонското малцинство во Албанија, Јован Попи и Кристо Мазнику. 
 
- Чест ми беше во името на македонското друштво „Илинден”-Тирана лично да им предадам благодарница „Илинден" на двајца големи активисти, Јован Попи, по  потекло од село Ербеле, област Поле, Маќелара и на Кристо Мазнику, поранешен претседател на Комитетот на Македонска алијанса за европска интеграција за Тирана и екс претседател на политичко друштво „Мир"- огранок Тирана, по потекло од областа Голо Брдо, изјави Ѓурѓај за МИА.
 
Ѓурѓај, Попи и Мазнику размениле мислења по повеќе прашања што се во интерес на Македонците во оваа земја и напорите за подобрување на нивните права.
 
 
Со одлука на раководството на друштвото,  по повод 14 - годишнината од формирањето на друштвото, благодарници им беа доделени и на Адам Аргинов, Сиднеј Австралија, подржувач на друштвото, како и на Ивзи Абази, македонски активист во Мало Острени област Голо Брдо.
 
Почесната награда „Илинден“ годинава беше одлучено да му се додели за Неговото блаженство г.г. Стефан - поглавар на МПЦ-ОА.
 
Признанијата се доделуваат на поединци и институции кои со својот ангажман најмногу придонеле за подобрување и дисперзија на сознанијата за животот, историјата, културата и зачувување на автентичната македонска традиција на македонското население во Албанија.
 
Македонското друштво „Илинден“ е формирано на 6 февруари 2009 година и регистрирано во Основниот суд во Тирана, со цел заштита и афирмација на етничкиот, јазичен, културен, верски, историски идентитет на Македонците во Албанија. вт/ев/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан