• недела, 22 декември 2024

Бијонсе и „Адидас“ ја прекинале соработката, пишуваат западните медиуми

Бијонсе и „Адидас“ ја прекинале соработката, пишуваат западните медиуми

Лос Анџелес, 27 март 2023 (МИА) - Американнската ар-ен-би пејачка Бијонсе и спортскиот бренд „Адидас“ наводно ја прекинале соработката, пишуваат западните медиуми.

Веста за прекинувањето доаѓа речиси два месеци откако продажбата на линијата облека на Бијонсе - „Ајви парк“, опадна за 50 отсто, што ѝ донесе само 40 милиони долари во 2022 година во споредба со 93-те милиони во 2021 година. Во тоа време, „Волстрит журнал“ предвидуваше дека колекцијата на Бијонсе лани ќе ѝ донесе повеќе од 250 милиони долари приход, но сепак, во пет од последните шест изданија на колекцијата, приближно половина од произведената стока не се продаде, а тоа би значело огромна загуба за „Адидас“.

Патем, колекцијата на Бијонсе има неколку стилови за возрасни и деца - хеланки, дуксери, фустани, чорапи, спортски градници и патики, во големини од XXXС до XXXXЛ.

Последната линија беше во портокалова и сина боја. Пејачката го избра и раперот Ајс Спајс за во рекламите за таа облека.  си/

Остани поврзан