• сабота, 21 декември 2024

БиХ: Ново свлечиште во Јабланица, затворен магистралниот пат М-17

БиХ: Ново свлечиште во Јабланица, затворен магистралниот пат М-17

Сараево, 6 октомври 2024 (МИА) - Во Долна Јабланица, местото кое е најпогодено од поплавите во БиХ, се појави ново свлечиште на магистралниот пат М-17.

Патот е делумно оштетен, а возилата го заобиколуваат преку паркинг, јавува „Аваз“. Во истата област, спасувачите продолжуваат со потрагата по преживеани, користејќи тешка механизација за да ги отстранат големите наноси од земја, кал и камења.

По повлекувањето на водата, местото изгледа целосно опустошено.

Според последните информации, најмалку 20 лица го загубиле животот во катастрофалните поплави во БиХ. Поплавите и свлечиштата, исто така, предизвика и огромни материјални штети во регионот.

Локалното население е евакуирани од нивните домови, а спасувачките екипи работат ден и ноќ за да им помогнат на погодените.

Началникот на општина Јабланица, Дамир Шабановиќ, прогласи Ден на жалост, кој ќе трае до 8 октомври. ссм/

фото: ЕПА

Остани поврзан