• сабота, 21 декември 2024

БиХ втора во светот според бројот на смртни случаи од коронавирус на милион жители

БиХ втора во светот според бројот на смртни случаи од коронавирус на милион жители
Бања Лука, 24 мај 2021 (МИА) – Босна и Херцеговина е втора во светот според бројот на смртни случаи од коронавирус на милион жители, покажуваат податоците на „Ворлдометар“. Само Унгарија е пред БиХ. Од прогласувањето на пандемијата, во БиХ се регистрирани 9.150 смртни случаи од Ковид-19. Од февруари минатата година до денеска, во БиХ се регистрирани вкупно 203.391 заразени со коронавирусот. Според статистиката на страницата „Нашиот свет во податоци“ (Our World in Data), која ги следи податоците од Универзитетот Џонс Хопкинс, БиХ има 5,53 смртни случаи на милион жители, а за време на бранот на заразата во март, имало дури 23,64. Стапката на смртност во однос на бројот на заразени лица во БиХ е највисока во Република Српска. Од 63.774 регистрирани случаи на Ковид-19 во Република Српска, починале 3.558 лица, а во Федерацијата БиХ 5.201 од 121.438 потврдени случаи на заразени со коронавирусот. Во областа Брчко починале 315 лица од 5.748 заразени. Властите во БиХ сè уште не успеаја да обезбедат доволен број дози вакцини за масовна имунизација на населението, но во последните петнаесет дена бројот на новозаразени значително се намали, додека бројот на смртни случаи е сè уште голем. јт/

Остани поврзан