• вторник, 25 март 2025

Битолски „Водовод“ изврши промена на крилест затворач на објектот „Пумпна станица Довлеџик"

Битолски „Водовод“ изврши промена на крилест затворач на објектот „Пумпна станица Довлеџик

Битола, 23 март 2025 (МИА) - Јавното комунално претпријатие „Водовод“-Битола, попладнево успешно заврши промена на крилест затворач Ф/500 милиметри со вклучена монтажа и демонтажа.

Интервенцијата ја извршија екипи на ЈКП Водовод кои во текот на денот работеа на објектот „Пумпна станица Довлеџик", информираа од  претпријатието.

Посочуваат дека функционалноста на овој „Потисен цевковод"  е премногу важна за редовно водоснабдување на корисниците.

- Монтирањето се изврши на почетокот од потисниот цевковод преку кој во летните месеци до „Филтер станица Дихово" се пумпа сирова вода од пумпна станица Довлеџик во должина од скоро 2 километри и со висинска разлика од 120 метри. Со оваа интервенција ЈКП „Водовод“ преку водоводниот систем ќе продолжи да овозможува користење на питка вода во сите домови, посочија од претпријатието. мт/лв/

Фото: ЈКП Водовод Битола

Остани поврзан