• петок, 17 јануари 2025

Битолскиот театар на меѓународно биенале за театарски плакат во Вараждин

Битолскиот театар на меѓународно биенале за театарски плакат во Вараждин

Битола, 17 јануари 2025 (МИА) - НУ Народен театар-Битола учествува на фестивалот за театарски плакати во Вараждин, Хрватска.

Од битолскиот театар информираат дека меѓународното биенале учествуваат со два избрани плакати во вкупна селекција на 50 најдобри плакати застапени во официјалниот каталог на фестивалот.

Автор и дизајнер на театарските плакати за претставата „На дното“ и „Шекспир фестивал“ е битолчанецот Сашо Илковски.

Театарските плакати ќе бидат изложени во изложбениот салон на Сермаж Палас ГМВ и Галерија „Златен ангел“ во Вараждин од 24 јануари до 16 февруари 2025 година, а најдбобрите ќе бидат наградени, соопштија од НУ Народен театар-Битола. мт/цр

Фото: НТБ

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан