• среда, 24 април 2024

Битолскиот театар на меѓународен фестивал во Рума, Србија

Битолскиот театар на меѓународен фестивал во Рума, Србија

Битола, 29 март 2024 (МИА) - Актерите на НУ Народен театар-Битола, Викторија Степановска Јанкуловска и Никола Стефанов вечер во Рума, Србија на тамошниот меѓународен театарски фестивал ќе ја одиграат претставата „Кислород“ во режија на Иван Јерчиќ.

Фестивалот е со натпреварувачки карактер и освен македонските актери во конкуренција се и актери на театри од Унгарија, Романија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина и домаќинот Србија.

Театарската претстава „Кислород“ е фокусирана на проблемите во животот, потребата на човекот да живее, или како што велат битолските актери, да се живее живот полн со љубов, среќа, емпатија и солидарност.

Претставата „Кислород“ почнува  во 21 часот и ќе се одигра на сцената на Градски театар во Рума.мт/са/

Фото: НТБ

Остани поврзан