• петок, 22 ноември 2024

Битиќи: Ќе докажеме дека плановите за капитални инвестиции не се само желба

Битиќи: Ќе докажеме дека плановите за капитални инвестиции не се само желба
Скопје, 3 ноември 2022 (МИА) - Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи вели дека очекува реализација на проектираните капитални инвестиции со Предлог буџетот поради системското работење во последните три години со кое, како што изјави денеска, се воспоставува систем за отстранување на аномалиите. - Три години работиме на воспоставување на систем којшто ќе ги отстрани сите аномалии во последните три години. Затоа најавив дека ќе се воспостави единица во Владата која ја нарекуваме  единица за испорачување  во која има подединици за следење на инфраструктурните проекти токму за да ги отстрани сите аномалии. Единствено решение, и долгорочно и одржливо за капиталните инвестиции е системското решавање на работите од страна на Владата и затоа сметам дека тоа што го кажуваме ќе го докажеме во декември следната година дека не е само желба на некого, изјави Битиќи, во одговор на новинарско прашање по отворањето на Вториот меѓународен конгрес за патишта. Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, пак, вели дека и во услови на тековната криза  продолжува реализацијата на капиталните проекти на терен и најавува рекордни инвестиции и во наредната година. - Во тешко време кога има сериозен пораст и на цените и на материјалите од трендовите кои ги имаме наметнато од светските берзи на градежните материјали пред се, немаме запирање на градежните работи, напротив работиме и продолжуваме со реализација на капиталните проекти во државата, изјави Бочварски. Тој истакна дека за наредната година имаме најголем буџет за патна инфраструктура. - Нашите очекувања се дека заедно со ЈП за државни патишта ќе инвестираме помеѓу 350 и 400 милиони евра, што ќе биде историски највисоко ниво за изградба и реконструкција на патна инфраструктура, рече Бочварски. Со Предлог-буџетот што го претстави вчера Владата, капиталните расходи се планирани на ниво од околу 48,9 милијарди денари и се за 52,3 проценти повисоки во однос на планот за 2022 година. За  финансирање на инвестициите планирано е да се обезбедуваат средства од повеќе извори – од Буџетот, ИПА фондови и заеми. лв/сп/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан