• понеделник, 23 декември 2024

Битиќи - Фајон: Силниот регион е додадена вредност на патот кон ЕУ интеграцијата

Битиќи - Фајон: Силниот регион е додадена вредност на патот кон ЕУ интеграцијата
Скопје, 18 октомври 2022 (МИА) - Вицепремиерот за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи денеска оствари средба со заменичката на претседателот на Владата и министерка за надворешни работи на Словенија, Тања Фајон, која престојува во официјална посета на земјава. Разговорот помеѓу двајцата вицепремиери, како што соопшти владината прес-служба, беше насочен кон пристапните преговори на Северна Македонија со Европската Унија, за кои Фајон на самиот почеток на состанокот ги поздрави и изрази поддршка, како и кон моменталната енергетска криза и справувањето со истата. Битиќи се заблагодари за целата поддршка која Словенија, но и самата Фајон ја дава за нашата земја на нашиот пат кон евроинтеграциите. Двајцата вицепремиери зборуваа за развојот на регионалната соработка преку инвестиции и зголемување на конкурентноста. Битиќи ја потврди важноста на словенечките компании кои инвестираат во нашата земја и кои носат додадена вредност на нашата економија. Фајон ја потврди добрата соработка и пријателство кое двете земји традиционално го имаат и развиваат, што се потврдува со веќе 30-годишнината од воспоставувањето на билатерални односи помеѓу двете земји. Министерката ја потврди и заложбата на Европската комисија за поддршка на земјите од Западен Балкан за излез од енергетската криза, со позитивен став дека Брисел ќе донесе позитивна одлука за финансиска поддршка. нд/сп/

Остани поврзан