• недела, 22 декември 2024

Битиќи: Системски ја решаваме инфраструктурата, нема веќе договори по кафеани

Битиќи: Системски ја решаваме инфраструктурата, нема веќе договори по кафеани

Скопје, 6 февруари 2023 (МИА) - По првпат системски ги поставуваме работите за да се решат проблемите во инфраструктурата, рече вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во „24 анализа“.
 
-Жалам што некој што во минатото држел функции и не направил систем за непречено да течат инфраструктурните проблеми. Се надевам преку правосудниот систем ќе излезе зошто ништо не се правело. Клучниот одговор е „изборна година“, очигледно политичарите гледаат од избори до избори… односно што ќе направам сега за да ги добијам следните избори. Затоа не се направил систем. Претходната власт имаше направено паралелен систем и адресата не беше на Илинденска, истакна Битиќи.
 
Прашан за автопатот Кичево-Охрид тој кажа дека на овој автопат имало 130 неодобрени инфраструктурни проекти.
 
-Тоа е практично секој метар од автопатот. За косините на граѓаните не им е важно. Тука станува збор за 50 километри, а тие проекти не биле нацртани, земјиштето немало експропријација. Се почнало да се гради без нацртани проекти. На 31.12.2023 сите изведувачи имаат краен рок за завршување. Некој ќе сноси сериозна одговорност ако не е така, тоа е системско решавање на овој проблем. Завршено е времето на седнување во кафани и добивање по уште година. Сакал некој тоа од изведувачи да го постигне или не, нека се откаже утре, ќе најдеме друг изведувач, кажа Битиќи./

Остани поврзан