• недела, 22 декември 2024

Битиќи: Караванот „Визионерски работилници“, 24 работилници со речиси 1 000 учесници

Битиќи: Караванот „Визионерски работилници“, 24 работилници со речиси 1 000 учесници
Скопје, 28 март 2022 (МИА) - Во изминатите три недели караванот „Визионерски работилници“ посветен на Националната развојна стратегија ги посети сите осум плански региони во државата. Преку овие работилници ја постигнавме нашата основна цел – да ги вклучиме граѓаните и процесот на креирање на стратегијата да биде целосно отворен и инклузивен, напиша вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, на неговиот фејсбук профил. Тој упати благодарност до речиси 1 000 граѓани кои, како што напиша, учествуваа на вкупно 24-те „Визионерски работилници“. - Присуствував на работилниците во Скопје и особено сум горд и среќен што видов многу млади луѓе, луѓе од различна етничка припадност, претставници на ранливите групи граѓани, кои заедно дебатираа и разменуваа идеи. Секој предлог, секоја визија за идниот развој на државата претставува вистинско богатство, бидејќи ќе нѝ помогне за првпат да креираме документ кој ќе биде долгорочен и сеопфтен патоказ за тоа какви политики треба да градиме во следните 20 години, објави Битиќи. Вицепремиерот Битиќи напиша дека подготовката на Националната развојна стратегија е национален процес и ќе биде донесена со широк консензус, затоа што ќе ја исцртува сликата за држава во која сите ќе сакаме да живееме. - Затоа е важна, затоа овој инклузивен процес е важен. И кога ги гледам фотографиите и кога слушам во каква атмосфера поминуваат „Визионерските работилници“ срцето ми е полно. Ние, за нашата држава! Создаваме иднина заедно!, објави Битиќи. цр/лв/

Остани поврзан