• петок, 22 ноември 2024

Битиќи: Изборот за универзален снабдувач со електрична енергија не е заглавен

Битиќи: Изборот за универзален снабдувач со електрична енергија не е заглавен

Скопје, 26 јануари 2024 (МИА) - Не е заглавен изборот за универзален снабдувач со електрична енергија, рече денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

Според него, Комисијата за евалуација работи секојдневно на тоа.

-Мислам дека веќе наредните денови Комисијата ќе излезе со конкретен резултат, нагласи Битиќи, одговорајќи на новинарски прашања пред почетокот на јавната дискусија за нацрт-текстот на „Националната стратегија за развој на интеркултурализмот и општествената кохезија 2024-2026“. мч/ев/

Фото: МИА 

 

Остани поврзан