• сабота, 27 јули 2024

Билтен МВР

Билтен МВР

Скопје, 20 ноември 2023 (МИА) - Полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода, вчеравечер го лишиле од слобода В.С.(46) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена бела грутчеста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, вчера на подрачјето на Бит Пазарод, го лишиле слобода лицето М.М.(22) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Полициски службеници од Полициското одделение Шуто Оризари, вчера на подрачјето на Шуто Оризари, го лишиле од слобода Р.Р. (30) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Полициски службеници од СВР Охрид, вчера на улицата „Коста Абраш“ во Охрид, го привеле охриѓанецот Н.Р.(42) затоа што кај него биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и предмети со остатоци од бела прашкаста материја. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Санкционирани се 90 возачи во акциската контрола за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи која во текот на вчерашниот ден, на територијата на Шуто Оризари, ја спроведија Секторот за сообраќајни работи при Одделот за униформирана полиција, Биро за јавна безбедност и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот. Од вкупниот број санкционирани возачи, 30 биле за возење без возачка дозвола, пет санкции поради измината важност на сообраќајната дозвола, шест мерки за непрописно вградени фолии (затемнети стакла), шест санкции за возење без лекарско уверение при вршење јавен превоз. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот., при што на територија на град Скопје изречени се вкупно 130 мерки. Од нив, 35 санкции се за возење повеќе од дозволената брзина, 18 за возење под дејство на алкохол, 10 мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло).

СВР Тетово вчера било пријавено дека на булеварот „Видое Смилевски - Бато“ во Тетово, патничко моторно возило удрило во велосипед управуван од Р.М.(75) од Тетово и го напуштило местото. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Клиничката болница Тетово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово и се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

Лицето С.Р.(42) од Скопје, вчера во Полициската станица Драчево, пријавило дека било каснато од куче скитник.

Вчера во СВР Битола, П.П.(60) од Битола пријавил дека на улица „Пелистер“ бил каснат од куче скитник.

Вчера во ОВР Прилеп, А.Ш.(56) од Прилеп пријавил дека на локалниот пат помеѓу селата Дупјачани и Дреновци бил каснат од куче скитник. сан/са/

 

Фото: МИА архива

Остани поврзан