• сабота, 28 септември 2024

Билд: Геце веќе нема да игра за Борусија

Билд: Геце веќе нема да игра за Борусија
Дортмунд, 23 јуни 2020 (МИА) – Фудбалерот од средниот ред на Борусија Дортмунд, Марио Геце ќе го пропушти натпреварот од последното, 34. коло од Бундеслигата против Хофенхајм, објави „Билд“. Претходно се дозна дека тој ќе го напушти тимот на крајот на сезоната. Според извор, клубот го пуштил играчот да биде со неговата сопруга на својата Ана-Кетрин, бидејќи нивниот син се родил пред време. Поради тоа, фудбалерот реши да биде заедно со неа цело време. Дваесет и осумгодишниот фудбалер оваа сезона одигра 21 натпревар за Борусија и постигна три гола и една асистенција. зс/

Остани поврзан