• четврток, 21 ноември 2024

Бизнис заедницата во Албанија предупредува дека падот на вредноста на еврото ризикува да ја врати економијата во 1992 година

Бизнис заедницата во Албанија предупредува дека падот на вредноста на еврото ризикува да ја врати економијата во 1992 година

Тирана, 28 април 2023 (МИА) - Албанската бизнис заедница, вклучувајќи здруженија од извозниот, производствениот и туристичкиот сектор алармираат за негативните ефекти од високата девалвација на европската валута, јави Ора њуз.

Во писмото упатено до гувернерот на Централна банка на Албанија Гент Сејко и министерката за финансии и економија Делина Ибрахимај, здруженија како што се: Проекспорт Албанија (ПЕА), Здружение на албански производители, Здружение на лековити и ароматични растенија (БМА), Сојуз на индустријалци во Албанија (БИШ), албанска прехранбена индустрија (АФИ), албански агробизнис и албанска асоцијација на туризмот (ATA) посочуваат дека падот на еврото на најниските историски нивоа го ризикува враќањето на чиста увозна економија слична на онаа од 1992 година под ефектите на „шок терапијата“.

Стопанствениците тврдат дека девалвацијата на еврото сериозно им наштетила на преработувачката индустрија, извозот и локалниот туризам, што довело многу субјекти до банкрот и бараат од Централна банка и Министерството за финансии нормализирање на состојбата.

-Од почетокот на годинава, курсот на еврото падна за 2,5 отсто, додека во однос на истиот период минатата година, падот на еврото достигна околу осум отсто. Според официјалниот курс на банката, денеска еврото се менува за 110,7 лека, додека америкамскиот долар за 100,3 лека, достигнувајќи нов историски минимум. Агентите на девизниот пазар сведочат за многу висока понуда на девизи, особено на еврото, наведува телевизијата.

Според истиот извор компаниите извозници претходно изразиле загриженост за загубите предизвикани од систематската девалвација на еврото во однос на лекот, бидејќи тоа довело до постојан пад на нивниот приход. За 2022 година загубите на бизнисите извозници од курсот се пресметани во вредност од 225 милиони евра. вт/сд/

 

ФОТО: ОРА њуз

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан